Гаши: Европските стандарди мора да станат реалност за секој граѓанин, не само институционална агенда
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека европската интеграција не е само процес на усогласување закони, исполнување критериуми и отворање и затворање поглавја, туку пред сè процес што треба да овозможи темелна промена на системот во функција на поквалитетен животен стандард за сите граѓани. Оваа порака Гаши ја упати на Граѓанскиот форум насловен „Северна Македоција и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“, што се одржува во соработка со Европскиот парламент. Според Гаши, членството во Европската Унија треба да значи подобро образование и здравство, достоинствени работни места, функционални институции, еднаква правда, борба против корупцијата и создавање услови младите својата иднина да ја гледаат во земјава. Тој нагласи дека европскиот пат не може да се води само во институциите, туку граѓаните треба постојано да бидат вклучени во креирањето на политиките. „Вашиот глас е важен. Вашите очекувања се важни. Вашите критики се важни“, порача претседателот на Собранието, додавајќи дека европската интеграција ќе има вистинска вредност доколку граѓаните се чувствуваат како активни учесници, а не само како набљудувачи на процесот. На форумот учествуваат граѓани, пратеници, европратеници и експерти. Гаши оцени дека нивната директна комуникација претставува можност отворено да се разговара за предизвиците на европскиот пат, но и за начинот на кој земјата треба да го гради демократското и просперитетно општество. Тој потсети дека форумот следува по одржувањето на Мешовитиот парламентарен комитет во Собранието, каде што македонските пратеници и европратениците усвоија заеднички препораки за клучните реформски приоритети. Гаши нагласи дека европската интеграција треба да биде надпартиска и долгорочна определба, со широка поддршка во општеството. „Да не дозволиме европската агенда да остане само институционална агенда. Да ја претвориме во граѓанска агенда“, порача претседателот на Собранието. Тој упати порака и до европските партнери дека Маке