Гаши: Децентрализацијата е клучен демократски принцип и дел од Охридскиот рамковен договор
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со делегација на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, на која беше разгледано спроведувањето на Европската повелба за локална самоуправа и почитувањето на човековите права и владеењето на правото на локално ниво. На средбата, покрај Гаши, присуствуваа и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, како и потпретседателот на Комисијата за локална самоуправа, Пеце Милевски. Делегацијата на Советот на Европа ја сочинуваа двајцата коизвестители за локална демократија, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија. Во своето обраќање, претседателот Гаши истакна дека децентрализацијата претставува важен демократски принцип, кој придонесува одлуките што непосредно ги засегаат граѓаните, кога тоа е можно и соодветно, да се носат на локално ниво, имајќи ги предвид нивните потреби и специфичностите на локалните заедници. Тој во тој контекст посочи дека децентрализацијата е еден од клучните аспекти и на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, со кој беше предвидено зајакнување на локалната самоуправа и поголемо учество на граѓаните и заедниците во процесите на локално одлучување. На средбата беа разгледани и прашањата поврзани со независноста на локалните власти и процесот на децентрализација, со посебен фокус на финансиската децентрализација и финансиската автономија, како и на надлежностите на градоначалниците и општинските совети. Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат општините во однос на финансиската одржливост, заштитата на животната средина, демографските промени и нивните административни и институционални капацитети, како и за можностите за натамошно унапредување на локалната самоуправа. Конгресот на локални и регионални власти изготвува редовни извештаи за ситуацијата со локалната и регионалната демократија за секоја од земјите членки на Советот на Европа, со цел да осигури дека се имплементираат принципите на Европската по