Галуп: Само 20 отсто од вработените во светот се вистински ангажирани, Форбс ги издвои најдобрите работодавци за 2026 година

FinPortal.mk · 1.10.2026 г.

Иако ангажираноста на вработените често се зема како показател за нивната благосостојба и задоволство од работата, податоците од најновото глобално истражување покажуваат дека работодавците ширум светот имаат сериозна причина да ја преиспитаат состојбата во своите организации. Според долгорочното истражување што компанијата „Галуп“ го спроведува секоја година, во извештајот „Состојба на глобалното работно место 2026“, само 20 отсто од вработените во повеќе од 140 земји изјавуваат дека се вистински ангажирани на своите работни места. Во исто време, 40 отсто од вработените велат дека секојдневно чувствуваат значителен стрес, што дополнително ја нагласува потребата од промени во начинот на кој компаниите се однесуваат кон своите вработени. Сепак, овие податоци не значат дека сите компании ја занемаруваат благосостојбата на своите вработени. Напротив, седма година по ред, „Форбс“, во партнерство со компанијата за истражување на пазарот „Статиста“, ги анализира компаниите ширум светот и ги издвојува оние што најмногу се грижат за своите вработени. Во истражувањето се оценуваат компаниите кои нудат значајна работа, конкурентни плати и бенефиции, можности за развој на кариерата, обука за користење нови технологии и други услови што придонесуваат за задоволство на вработените. Резултатот е листата на најдобри работодавци во светот за 2026 година. За составување на листата, „Форбс“ и „Статиста“ анкетирале повеќе од 300.000 вработени во над 50 земји. Анкетите биле спроведени онлајн и независно од компаниите, со што на учесниците им била овозможена анонимност. Од испитаниците било побарано да го наведат работодавачот преку отворено прашање со можност за автоматско пополнување. Во истражувањето можеле да бидат вклучени компании кои имаат повеќе од 1.000 вработени и работат на меѓународно ниво. Учесниците ја оценувале веројатноста да го препорачаат својот работодавач на семејството и пријателите, како и самата компанија според критериуми како што се висината на платата, можности

Галуп: Само 20 отсто од вработените во светот се вистински ангажирани, Форбс ги издвои најдобрите работодавци за 2026 година | FinPortal.mk

Иако ангажираноста на вработените често се зема како показател за нивната благосостојба и задоволство од работата, податоците од најновото глобално истражување