Галетановски: Институциите не ја заштитија 17-годишната девојка од Богданци, време е за протести
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Трагичниот случај во Богданци, каде вечерта на 3 ноември беа пронајдени две безживотни тела – едното во опожарен автомобил, а другото во негова непосредна близина – предизвика голема реакција во јавноста и остри критики кон институциите. По трагедијата се огласи Ѓорѓи Галетановски од СДСМ, кој преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон институциите, посочувајќи дека девојката претходно пријавувала насилство, но дека системот не успеал да ја заштити. „И не, ова девојче не молчело, пријавувало, и институциите ко и секогаш затаиле. Најстрашно е што како нација се навикнавме на трагедии, станавме апатични. И да, можеби е време за протести!“, напиша Галетановски во својата објава. Со оваа изјава тој директно ја поврза трагедијата со претходните пријави за насилство и со, како што оцени, постојаниот пропуст на надлежните органи. Според досега објавените информации, станува збор за 17-годишна девојка која претходно пријавила насилство од 21-годишното момче. Од Обвинителството соопштија дека првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, а потврдија и дека против починатиот 21-годишник претходно била поднесена пријава за загрозување на сигурноста. Точните причини за смртта и околностите под кои се случил настанот треба да бидат утврдени со обдукцијата и останатите истражни дејствија. По трагичниот случај се огласи и адвокатката Катерина Котеска, која на социјалните мрежи изрази длабока тага и револт, посочувајќи на пропустите на институциите во заштитата на жртвите на насилство. Во својата објава таа наведува дека ова е седмата жртва на фемицид и потсетува дека девојчето претходно пријавило физичко насилство од момчето. Според нејзините зборови, девојчето од 17 години го изгубило животот откако претходно го пријавило насилното момче за физички напад. Случајот во Богданци повторно ја отвори дебатата за тоа колку ефикасно функционира системот за заштита на жртвите на родово и семејно насилство, како и за одговорноста на институциите кога жртвата навремен