ГАК: Во случајот на родилката од Охрид постапено е по протокол, постојат пишани докази
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла обвинувањата што во јавноста ги изнесе родилката од Охрид, посочувајќи дека во нејзиниот случај било постапено согласно протокол. Од Клиниката информираат дека случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет, при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол, за што постојат и пишани докази за истото, меѓу кои прегледи и терапија. Од ГАК посочуваат дека и покрај пружената медицинска грижа, пациентката ја напуштила Клиниката по сопствено барање. „Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата“, наведуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Случајот предизвика внимание во јавноста откако медицинската сестра Љубица Шавреска јавно се обрати до Министерството за здравство и до министерот, изнесувајќи тешко лично сведоштво за третманот што, како што тврди, го добила во повеќе здравствени установи додека била во 24+3 гестациска недела, пред нејзината бременост да заврши со загуба на плодот. Шавреска, која наведува дека десет години работи во здравството — две години во приватниот и осум во јавниот сектор — детално го опишува патот од првите болки во Охрид, преку преглед во Струга, па сè до Скопје, каде што, според нејзиното сведоштво, барала помош, крварела и молела за лекар со страшни болки. Таа тврди дека часовите пред да го загуби плодот поминале во потрага по соодветна медицинска помош. Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, пак, остануваат на својот став дека во случајот е постапено согласно предвидените протоколи и дека за тоа постојат пишани докази, меѓу кои извршените прегледи и применетата терапија. Според нивното соопштение, Комисијата за квалитет при Клиниката денес го разгледала случајот и констатирала дека постапувањето било во согласност со протоколот. Од Клиниката нагласуваат дека, и покрај пружената медицинска грижа, пациентката одлучила да ја напу