Гајдова: Процената на ризик при пријавено насилство мора да биде суштинска, а мерките итно да се преземат
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Последниот случај на фемицид во Богданци, каде што беше убиена 17-годишната Билјана Кириќ, повторно го отвори прашањето дали институциите навистина ја препознаваат опасноста по животот на жената или насилството го третираат како уште еден пријавен инцидент. Во дебатата „Топ тема“ вечерва учествуваа судијката Габриела Гајдова, адвокатката Неда Чаловска и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените, кои расправаа за тоа дали надлежните ги препознаваат предупредувачките сигнали, зошто жените и покрај пријавите и изречените мерки за заштита повторно стануваат жртви, каде потфрла системот и дали некој одговара кога заштитата ќе задоцни. Судијката Габриела Гајдова истакна дека бројот на фемициди во толку краток период дефинитивно покажува дека системот некаде потфрла. Таа оцени дека во конкретниот случај би било неблагодарно да се каже кој е виновник и дали било преземено сè како што треба, бидејќи, како што рече, ги нема сите факти на увид освен делимични информации од медиумите. Според неа, клучна работа кога се пријавува насилство — без разлика дали пријавата е до полицијата, Центарот за социјална работа или обвинителството — е во тој момент да се изврши процена на ризик. „Процената на ризик значи да се предвиди дали насилството може да се повтори или може да ескалира во некоја посилна форма, па и фемицид“, изјави Гајдова. Таа додаде дека има впечаток оти формално се исполнува таа задача и дека низ обуките што ги држи гледа оти процената на ризик се прави врз основа на формулари што ги имаат и Министерството за внатрешни работи и Центарот за социјална работа. Гајдова нагласи дека процената на ризик е многу повеќе од чек-листа и формално поставување прашања и добивање одговори. Според неа, процената на ризик мора да се прави многу посуштински, да биде сеопфатна и прво да се сфати контекстот на родово базираното насилство, а од тој аспект да се анализираат сите околности што можат да укажат на можната ескалација на насилството. Таа објасни дека тоа