Франс фудбал и УЕФА ги објавија правилата за избор на добитникот на Златната топка за 2026 година
FinPortal.mk · 17.9.2026 г.
Организаторите на престижната фудбалска награда „Златна топка“ ги објавија официјалните критериуми според кои ќе биде избран најдобриот фудбалер за 2026 година. Како што е потврдено, свечената церемона ќе се одржи на 26 октомври во „Лондон Паладиум“, а ова издание е посебно по тоа што одбележува 70 години од основањето на наградата. Првата „Златна топка“ била доделена во 1956 година од страна на „Франс Фудбал“, а од 2024 година наградата заеднички ја организираат „Франс Фудбал“, кој е во сопственост на „Груп Л'Екип“, и УЕФА. Лондон е избран за домаќин токму во чест на првиот освојувач на признанието, англиската фудбалска легенда Стенли Метјуз. Според официјалните правила на „Франс Фудбал“, гласањето за победникот се темели на три главни критериуми поставени по строго определен редослед. Првиот и најважен критериум е индивидуалниот ефект и влијанието на фудбалерот врз играта. Вториот критериум ги опфаќа колективните успеси и освоените трофеи, додека третиот се однесува на класата на играчот и неговото однесување, вклучувајќи го и фер-плејот. Од „Франс Фудбал“ нагласуваат дека членовите на жирито го анализираат целиот сезонски учинок, ги следат натпреварите и индивидуалните настапи пред да ги достават своите гласови, што значи дека освоените трофеи сами по себе не ја гарантираат „Златната топка“. Титулите се дел од оценката, но се разгледуваат заедно со индивидуалниот придонес и однесувањето на фудбалерот. За победникот гласа меѓународно жири составено од специјализирани фудбалски новинари. Секој од нив составува своја листа со десет најдобри фудбалери, по што играчите добиваат бодови во зависност од позицијата на која се наоѓаат. Првопласираниот добива 15 бодови, вториот 12, третиот 10, четвртиот осум, петтиот седум, шестиот пет, седмиот четири, осмиот три, деветтиот два, а десеттиот еден бод. Во трката за признанието се повеќе големи имиња. Меѓу најчесто споменуваните се Ламин Јамал, Килијан Мбапе, Хари Кејн, Родри, Лионел Меси и Фабијан Руиз, додека во конкуренција