Фондот за здравствено осигурување ги усвои измените за боледувањата — повеќе олеснувања, без скратување на правото
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, на денешното продолжение на 33. седница, едногласно ги усвои измените на Правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување на привремена спреченост за работа. Како што беше соопштено по седницата, со измените не се скратува правото на боледување, ниту пак се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба. Од Фондот потенцираа дека станува збор за технички и административни подобрувања, а не за намалување на правата на осигурениците. Матичниот лекар и понатаму останува надлежен да ја утврдува привремената спреченост за работа до 15 дена, а за период подолг од 15 дена одлучува лекарската комисија на Фондот. Од Фондот посебно нагласија дека промената од седум на пет дена не значи дека боледувањето завршува на петтиот ден. Станува збор за периодот по кој, доколку здравствената состојба бара продолжување на боледувањето, се применуваат медицинските критериуми предвидени за конкретната дијагноза. Клучната граница од 15 дена во надлежност на матичниот лекар останува непроменета, што значи дека основната рамка за утврдување на привремената спреченост за работа не е нарушена. Истовремено, со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и за матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем. Меѓу поважните олеснувања е тоа што за дел од дијагнозите нема да биде потребно пациентот да се упатува на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За дел од дијагнозите се проширува и временската рамка предвидена со критериумите, што значи дека лекарите ќе имаат поголема флексибилност при проценката на здравствената состојба на пациентот. Покрај тоа, по 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа – ПСР, матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо преку досегашната рачна постапка. Оваа промена треба значително да ја забрза административната по