Фон дер Лајен во Скопје: Прво уставни измени, потоа патоказ и пари од Брисел

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при посетата на Скопје јасно ги оцрта границите на европскиот пат на Македонија. Според нејзините пораки, Брисел нема намера повторно да ја отвора преговарачката рамка, а земјата ќе добие детален патоказ и пристап до средства дури откако ќе ги исполни преземените обврски — внесување на Бугарите во Уставот. Билатералните несогласувања, порача таа, треба да се решаваат во директен дијалог со Софија. Пораката од Брисел беше директна и институционална. Претседателката на Европската комисија јасно посочи дека отворањето на првиот преговарачки кластер зависи исклучиво од спроведувањето на веќе договорените чекори. Македонија треба да усвои патокази за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, но овие документи формално ќе стапат на сцена дури по гласањето на уставните измени во Собранието. Во разговорите со државниот врв, Фон дер Лајен не остави простор за ревизија на преговарачката рамка усвоена во 2022 година. Таа рамка е одобрена од сите 27 земји членки на Унијата, што значи дека институциите во Брисел немаат мандат за нејзино менување, ниту за прифаќање на предлозите за одложено дејство на уставните измени. Со тоа беше отфрлена можноста за какво било одлагање или условување на веќе договорениот тек на преговорите. Наместо директно европско посредување, шефицата на Комисијата упати порака за директна билатерална комуникација со Софија. Советот до македонските власти е да се организираат работни средби со бугарските институции, со цел да се надминат недоразбирањата без да се влегува во обиди за повторно отворање на веќе дефинираните европски документи. Според нејзините зборови, патот кон напредок води преку исполнување на обврските, а не преку нови преговори за веќе договорените рамки. Додека Скопје се соочува со застој поради внатрешната политичка блокада, остатокот од регионот се движи со различна брзина. Албанија успешно ги води преговорите, а Фон дер Лајен кажа дека ја гледа Црна Гора ка

Фон дер Лајен во Скопје: Прво уставни измени, потоа патоказ и пари од Брисел | FinPortal.mk

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при посетата на Скопје јасно ги оцрта границите на европскиот пат на Македонија. Според нејзините