Flex Group Leadership Academy го заврши првото издание: дипломи за 60 директори и менаџери
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Flex Group Leadership Academy успешно го заокружи своето прво издание со доделување дипломи на учесниците, соопшти компанијата. Во текот на осуммесечната програма, приближно 60 директори и менаџери од компаниите во рамки на Flex Group поминаа низ осум едукативни модули посветени на развој на лидерските и менаџерските компетенции, подобра комуникација, управување со тимови и градење култура на одговорност и резултати. Академијата, иницирана од Секторот за човечки ресурси, беше замислена како простор во кој менаџерите ќе можат да излезат од секојдневната оперативна рутина, да разменат искуства и да работат на предизвиците со кои реално се соочуваат при водењето луѓе. Во реализацијата на програмата учествуваа експерти од Prudens – организациски развој и лидерство, кои придонесоа во развојот на лидерските и организациските вештини. Посебен акцент беше ставен на емоционалната интелигенција преку обуката „Емоционална писменост и коучинг вештини за лидери“, предводена од Верита Акташ од Veritas Coaching. Завршниот дел од Академијата беше посветен на градењето високоефикасни тимови, со Дарко Мирковиќ од Алтерна Србија, кој ја обработи темата како да се изградат врвни професионалци и тимови што постигнуваат резултати. Она што ја направи Академијата особено значајна беше можноста наученото веднаш да се поврзе со реални ситуации од работното место. Учесниците не разговараа само за тоа како треба да изгледа доброто лидерство, туку и за тоа што можат да променат во сопствениот пристап кон своите тимови. „Највредно ми беше што можев да слушнам како колегите од другите компании во Групацијата се справуваат со слични предизвици. Сфатив дека понекогаш мала промена во начинот на комуникација може да направи голема разлика во тимот“, споделува еден од учесниците, регионален менаџер во Flex Broker. „Академијата ме потсети дека не е доволно само да поставиш цел и да очекуваш таа да се исполни. Најголемиот дел од работата е во тоа како ги водиш луѓето кон таа цел“, додава тој. Програмата