Flex Credit и „Срце на дланка“ четврти пат опремија домови на 20 социјално загрозени семејства

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Финансиското друштво Flex Credit и оваа година застана како главен партнер зад хуманитарната телевизиска емисија „Срце на дланка“, со што соработката меѓу нив се остварува четврта година по ред. Преку ова долгогодишно партнерство, Flex Credit обезбеди конкретна помош и донација во бела техника за опремување на новите домови на 20 социјално загрозени семејства ширум Македонија. Во рамките на овогодинешниот хуманитарен циклус, со донираните апарати за домаќинство на социјално загрозените семејства им се овозможија основни, хумани и современи услови за живеење. Станува збор за конкретна поддршка што директно внесува сигурност и топлина во домовите каде што помошта е најпотребна, а која Flex Credit ја реализира во континуитет веќе четири години. Од Flex Credit потенцираат дека партнерството со „Срце на дланка“ е еден од најзначајните столбови во рамки на нивната платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“. Според нив, токму ваквите активности ја покажуваат вистинската улога на компанијата во општеството, бидејќи директно придонесуваат за подобрување на условите за живеење на најранливите категории граѓани. „Четири години соработка со ‚Срце на дланка‘ не се само бројка, туку се 20 нови приказни секоја година, стотици насмевки и вратена надеж кај луѓето на кои животот им донел тешки предизвици. Веруваме дека секој човек заслужува топол и функционален дом. Затоа, поддршката со нова бела техника за овие 20 семејства оваа година е наш скромен придонес кон создавање подобра и похумана иднина за целото општество“, потенцираат од Flex Credit. Со оваа долгорочна соработка, Flex Credit уште еднаш покажа дека вистинските лидери на пазарот се препознаваат по својата емпатија, хуманост и континуирана поддршка за најранливите категории граѓани. Преку платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, компанијата ја потврдува својата определба дека општествената одговорност не е еднократен чин, туку трајна обврска кон заедницата во која работи. Хуманитарната емисиј

Flex Credit и „Срце на дланка“ четврти пат опремија домови на 20 социјално загрозени семејства | FinPortal.mk

Финансиското друштво Flex Credit и оваа година застана како главен партнер зад хуманитарната телевизиска емисија „Срце на дланка“, со што соработката меѓу нив с