Физибилити студијата за националниот дата центар е завршена, Владата бара финансиски партнери за изградба

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Физибилити студијата за националниот дата центар е готова, а Владата во моментот е во фаза на изнаоѓање финансиски партнери за негова изградба. Ова го изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, пренесуваат од неговиот кабинет. Според министерот Андоновски, паралелно со барањето финансиски партнери, се работи и на урбанизацијата на земјиштето, како и на проектната документација за проектот. Тој изрази очекување дека до пролет ќе бидат затворени овие прашања и се надева дека во 2027 година ќе успеат да започнат со конкретната изградба на националниот податочен центар. „Работиме и на урбанизацијата на земјиштето, како и на проектната документација. Очекувам дека до пролет ќе ги затвориме овие прашања и се надевам дека во 2027 година ќе успееме да започнеме со конкретната изградба на националниот податочен центар“, вели Андоновски, кој присуствува на отворањето на 9. издание на Регионалната конференција за е-трговија. Министерот истакна дека има интерес и од приватниот сектор за инвестиции во податочна инфраструктура. Според него, во текот на неделата се среќаваат со две до три компании кои покажуваат интерес за инвестиции во податочна инфраструктура, било да станува збор за изградба на нови податочни центри или за проширување и надградба на постојните капацитети. „Во зависност од тоа дали станува збор за домашни или странски компании, се надевам дека ќе успееме да привлечеме ваков тип инвестиции“, истакна Андоновски. Во врска со минатонеделниот прекин на услугите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, министерот за дигитална трансформација појасни дека не биле зафатени внатрешни системи на Фондот, туку дека станувало збор само за прекин на веб апликацијата поради што пристапот до услугите бил отежнат. Националниот дата центар претставува значаен инфраструктурен проект за дигиталната трансформација на земјата, а неговата изградба се очекува да придонесе кон развојот на податочната инфраструктура и дигиталните услуги. Со завршувањет

Физибилити студијата за националниот дата центар е завршена, Владата бара финансиски партнери за изградба | FinPortal.mk

Физибилити студијата за националниот дата центар е готова, а Владата во моментот е во фаза на изнаоѓање финансиски партнери за негова изградба. Ова го изјави де