Фити: Јавниот долг е блиску до границата на висока задолженост, потребна е крајна внимателност
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Македонската економија се соочува со сериозни предизвици поврзани со јавниот долг, енергетската зависност, демографските трендови, одливот на високообразован кадар и слабостите во владеењето на правото, оцени академик Таки Фити на промоцијата на неговата книга „Неолибералната економска филозофија“. Академикот предупреди дека земјата треба да биде исклучително внимателна со идните задолжувања, нагласувајќи дека нивото на јавниот долг е блиску до границата што ја одвојува умерената од високата задолженост. Според Фити, со 60 отсто долг веќе сме на таа граница кон високо задолжени земји, ако се имаат предвид големината на економијата, извозната моќ и извозните приходи неопходни за сервисирање на долговите. Тој истакна дека задолжувањето е оправдано кога средствата се насочуваат кон продуктивни инвестиции како инфраструктура, железнички коридори, технолошки развој и нови економски активности, но предупреди дека непродуктивните трошоци не создаваат основа за враќање на долговите во иднина. Осврнувајќи се на глобалните економски текови, академикот посочи дека растот на цените на енергенсите и можните нови нафтени шокови претставуваат ризик за појава на стагфлација, односно комбинација од забавен економски раст, повисока инфлација и зголемена невработеност. Македонија, како увозно зависна земја која не произведува нафта, е особено ранлива на такви надворешни притисоци. Дополнителен предизвик, според Фити, е демографската состојба. Тој истакна дека проекциите покажуваат континуирано намалување на населението, што директно влијае врз расположливата работна сила и долгорочниот економски раст. Во најдобра варијанта, според него, ќе паднеме на околу 1,4 милиони жители, што значи губење на значаен дел од работната сила и има силни негативни импликации врз економскиот раст. Академикот Фити ги наведе и одливот на високообразован кадар и слабостите во владеењето на правото како проблеми што ја отежнуваат економската состојба на земјата. Според него, сите овие фактори заедно создава