Фискалниот совет предупредува: без реформи пензискиот дефицит до 2035 година ќе достигне 6,6 отсто од БДП

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Пензискиот систем во Македонија се наоѓа под структурен фискален притисок и доколку не се преземат никакви мерки, дефицитот во 2030 година би изнесувал 6,3 отсто од БДП, а својот врв од околу 6,6 отсто би го достигнал во периодот меѓу 2035 и 2037 година. Ова го покажува анализата изработена по барање на Фискалниот совет за одржливост на пензискиот систем, која ги открива долгорочните последици од повеќедецениските влијанија врз фондот за пензиско осигурување. Како најризичен период во анализата се посочува 2038-2048 година, кога транзициските трошоци го достигнуваат својот врв, а бројот на осигуреници на еден пензионер паѓа под 1,3. Тоа значи дека секој вработен во тој период ќе мора да издржува повеќе од еден пензионер, што дополнително ќе го оптовари системот. Причините за ваквата состојба, како што се наведува, се добро познати и се резултат на влијанија коишто се провлекуваат повеќе од две децении. Прво, стапката на придонеси е намалена од 21,2 отсто на 18 отсто, а пензиите се повеќекратно зголемени надвор од законската формула. Како дополнителни причини се наведуваат и демографијата, односно неповолната старосна структура на населението, како и сивата економија која го намалува бројот на редовни исплати во фондот. Анализата покажува дека од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси, поточно 19 отсто во 2025 година наспроти 8,8 отсто. Ваквиот јаз помеѓу она што се собира и она што се исплаќа дополнително ја продлабочува финансиската нерамнотежа на системот. Според Фискалниот совет, треба да се напуштат и ад хок решенијата за зголемување на пензиите, како што се линеарните зголемувања. Од советот велат дека растот на дефицитот не е демографски ефект, туку резултат на индексацијата и на линеарните зголемувања на пензиите. Препораките на советот се да се примени комбиниран пакет на мерки во кој би било вклучено постепено зголемување на придонесот на 20 отсто, индексација само во инфлација, намалување на сивата економија и по

Фискалниот совет предупредува: без реформи пензискиот дефицит до 2035 година ќе достигне 6,6 отсто од БДП | FinPortal.mk

Пензискиот систем во Македонија се наоѓа под структурен фискален притисок и доколку не се преземат никакви мерки, дефицитот во 2030 година би изнесувал 6,3 отст