Фирмите со сметки во Алта банка Битола не можат да исплатат плати и да платат фактури
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Компаниите кои имаат сметки во Алта банка АД Битола се соочени со сериозен проблем — не можат да ги платат фактурите, да исплатат плати на вработените, ниту пак да ги подмират обврските кон државата. Причината, како што пренесуваат од редакцијата, лежи во расчекорот меѓу она што го соопштува Народната банка и секојдневната реалност со која се соочуваат фирмите. Станува збор за ограничувањата што ги воведе Народната банка, според кои правните лица можат да вршат трансфер на пари, но само кон сметки на добавувачи и институции што исто така имаат сметки во Алта банка. Ваквите ограничувања следуваат по приведувањето на сопственикот на банката, Давор Мацура, во Србија, по смената на власта и прогласениот стечај на Алта банка во Србија. Народната банка ги ограничи преносите на средства надвор од Алта банка Битола, но во одговорите што ги даде за медиумот сè уште не посочува конкретно решение за компаниите што преку оваа банка треба да исплатат плати, даноци и придонеси. Од централната банка наведуваат дека правните лица можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на банката, кон сметките на други правни и физички лица, без ограничување на износот, додека преносите на средства надвор од банката се привремено ограничени. Според одговорот на Народната банка, таа ги разгледува можните решенија за компаниите што треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, имајќи предвид дека законскиот рок е до 15-ти во месецот. Од таму потенцираат дека мерката е привремена и дека не прејудицираат за понатамошните чекори, а за секоја промена јавноста ќе биде навремено информирана. Но, за да можат фирмите и правните лица да ги извршат овие внатрешни плаќања, потребно е овластените за банкарски сметки физички да бидат присутни во експозитурите на шалтер, кои во речиси цела недела се затворени, или пак да ги користат услугите на електронското банкарство, кои во моментов не функционираат. На прашањето како клиентите практично да ги извршат плаќањата кога шалтерит