Финска ги запре градежните работи на два центри за податоци на Google

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Финската Агенција за лиценцирање и надзор (LVV) издаде налог со кој на Google се наложува да ги прекине градежните работи на два центри за податоци што ги развива во Финска, откако технолошкиот гигант претходниот месец се обврза да инвестира 15 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција во земјата. Налогот е издаден во вторникот до подружницата на Google, Tuike Finland Oy, а се однесува на проектите планирани во Мухос и Кајани. Налогот не се однесува на планирање, мерења, испитувања на почвата или други активности со мал ефект што можат лесно да се вратат во првобитната состојба. Рокот за прекин на работите е најдоцна до 23 октомври. „Сметаме дека мерките за кои станува збор ќе ја променат животната средина и ќе предизвикаат влијанија, чие идентификување и оценување се меѓу клучните цели на постапката за проценка на влијанието врз животната средина“, изјави Томи Муилу, раководител на секторот за животна средина во финската агенција за лиценцирање и надзор. Портпарол на Google за CNBC изјави дека компанијата ги разбира загриженостите и дека во овој случај не ги исполнила сопствените високи стандарди. „Постапивме во добра волја согласно Законот за шумарство, спроведовме истражувања на природата и воведуваме мерки за заштита на високовредните подрачја“, рече портпаролот, додавајќи дека компанијата ќе ги следи упатствата на LVV. Тој наведе и дека Google ги унапредува плановите за уредување на теренот и биолошката разновидност, меѓу кои и садење дрвја на 130 хектари во Мухос. Инвестицијата од 15 милијарди долари претставува најголемо вложување на Google во Европа, а средствата треба да се реализираат до 2028 година во центри за податоци и други придружни проекти, како енергетски. Финска се наметна како клучна локација за центри за податоци во услови на бумот на вештачката интелигенција, бидејќи нуди достапна земја и електрична енергија, која е во недостиг во поголемиот дел од Европа. Поради растот на побарувачката, земјата доби прекар „Тексас на Европа“

Финска ги запре градежните работи на два центри за податоци на Google | FinPortal.mk

Финската Агенција за лиценцирање и надзор (LVV) издаде налог со кој на Google се наложува да ги прекине градежните работи на два центри за податоци што ги разви