ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради во кампусот на УКИМ, објектите ќе бидат поврзани со мост

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Двете недовршени згради во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе му припаднат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и ќе бидат споени со мост. Ова го најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во гостувањето на 4ТВ, пренесува 4NEWS. Според неа, до крајот на ноември треба да биде завршено новото проектирање за недовршените објекти во кампусот на УКИМ, по што веднаш ќе се распише тендер за изведувач. Доградбата се очекува да започне на почетокот од следната година, изјави министерката. Јаневска посочи дека според извршените анализи од страна на Градежниот факултет, затекнатата состојба на објектите не покажала поголеми оштетувања на конструкцијата, што овозможува работата да продолжи со соодветно санирање. „Според новиот план, двете незавршени згради ќе му припаднат на ФИНКИ и ќе бидат споени со мост. Факултетот за физичка култура реши да остане на сегашната локација, каде што дополнително ќе ги прошириме капацитетите. Во процесот на репроектирање имаме грант и експертска помош од швајцарската влада за целосно покривање на машинските, електричните и системските решенија“, истакна Јаневска. Министерката потенцираше дека седумгодишниот застој направил огромна штета, пред сè за студентите кои немаа соодветни услови, но и за државниот буџет. Поради драстичниот пораст на цените на градежните материјали во споредба со пред една деценија, новата изградба ќе чини значително повеќе од првично предвидените средства, а точниот износ ќе се знае по комплетирањето на проектот. Според најавите, по завршувањето на новото проектирање до крајот на ноември, тендерот за изведувач ќе биде распишан веднаш, а доградбата на објектите во кампусот на УКИМ се очекува да започне на почетокот од следната година.

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради во кампусот на УКИМ, објектите ќе бидат поврзани со мост | FinPortal.mk

Двете недовршени згради во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе му припаднат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерс