FinPortal.mk

Финк: Мониториум врз изградбата на дата-центри би значел рецесија

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Финк: Мониториум врз изградбата на дата-центри би значел рецесија

Извршниот директор на „БлекРок“, Лари Финк, предупреди дека запирањето на изградбата на дата-центри може да предизвика економско забавување. „Ако имаме некаков мониториум во оваа земја, ќе бидеме во рецесија“, изјави Финк за CNBC во средата, откако „БлекРок“ објави резултати за третиот квартал кои ги надминаа очекувањата. Акциите на компанијата забележаа раст од околу 1 отсто во доцните утрински часови.

„Толку голем дел од нашата економија се базира на овој раст на капиталните инвестиции“, додаде Финк, мислејќи на масивните вложувања во развојот на инфраструктурата за вештачка интелигенција. Неговото предупредување доаѓа во момент кога силното локално противење на изградбата на дата-центри се наметна како клучно прашање на меѓуизборите закажани за 3 ноември, бидејќи заедниците се соочуваат со растечките трошоци за комунални услуги, потрошувачката на вода, еколошката штета и прашањата за транспарентноста на инвестициите.

Финк призна дека постојат стравувања околу изградбата на дата-центри, но истакна дека „поголемиот дел од нив се базираат на дезинформации“. Влогот е висок. Аналитичарите од Волстрит проценуваат дека вкупните капитални инвестиции во вештачка интелигенција би можеле да надминат 1 трилион долари во 2027 година и да достигнат над 5 трилиони долари до 2030 година.

„Дата-центрите не се проблемот. Тие создаваат повеќе нови работни места од кога било досега“, објасни првиот човек на „БлекРок“.