Finelevate Digital Summit 2026: Три панели за дигиталниот идентитет, довербата и иднината на банкарството

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

На 16 септември во Скопје, во хотелот Мериот, ќе се одржи Finelevate Digital Summit 2026, настан што ќе ги обедини регулаторите и претставниците на клучните институции од финансискиот сектор и технолошката индустрија. Според организаторите, целта на собирот е да се отворат прашањата што веќе ја обликуваат иднината на банкарството, осигурувањето и финансиските услуги, а тематски најсилниот дел од програмата ќе бидат три клучни панели. Првиот панел носи наслов „Темелите на дигиталната трансформација – еИД, доверливи услуги и интероперабилност“. На него учесниците ќе зборуваат за улогата на државната дигитална инфраструктура, јавните регистри и давателите на доверливи услуги во развојот на безбедни, целосно дигитални и прекугранични финансиски услуги. Посебен акцент ќе биде ставен на електронската идентификација на граѓаните, но и на сè уште недоволно развиениот дигитален идентитет за правните лица. Во рамки на дискусијата ќе се отворат можностите за далечинско отворање деловни сметки, дигитално кредитирање, електронски овластувања, квалификувани електронски потписи и печати, како и пристапот до проверени податоци од официјалните регистри. Овој панел ќе го модерира Васко Кроневски, извршен директор на Nextsense. Меѓу учесниците во разговорот се Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Ана Шаренац, раководителка на Дигиталниот дистрикт при Канцеларијата за ИТ и е-Управа на Србија, како и претставник на Централниот регистар. Вториот панел е насловен „Повеќе од банка“, а третиот панел е посветен на новите кориснички очекувања и довербата во ерата на вештачката интелигенција. Според најавите на организаторите, токму овие три теми ја сочинуваат сржта на дебатата за иднината на дигиталните финансии, бидејќи ги допираат точките каде што се сретнуваат технологијата, институциите, регулативата и реалните потреби на клиентите. Виктор Крстевски, основач и извршен директор на Finelevate, истакна дека програмата на самитот е составена многу внимателно, така што секо

Finelevate Digital Summit 2026: Три панели за дигиталниот идентитет, довербата и иднината на банкарството | FinPortal.mk

На 16 септември во Скопје, во хотелот Мериот, ќе се одржи Finelevate Digital Summit 2026, настан што ќе ги обедини регулаторите и претставниците на клучните инс