25-тата Годишна конференција на Македонска берза ги обедини финансиската и деловната заедница во Охрид
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Македонската берза ја одржа својата јубилејна 25-та Годишна конференција, која од 21 до 23 септември во Охрид ги обедини претставниците на финансискиот и деловниот сектор, регулаторите, институциите, инвеститорите, академската заедница и меѓународните експерти. На конференцијата учествуваа над 270 претставници, а во програмата беа вклучени 27 говорници и панелисти од шест земји. Низ презентации, панели и разговори тие ги отворија најактуелните прашања поврзани со развојот на пазарот на капитал, финансирањето на корпоративниот раст и новите трендови во финансискиот сектор. Јубилејната конференција беше отворена со обраќања на Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза. Вториот конференциски ден започна со обраќање на заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Во рамки на специјалните обраќања, Patrick Young, меѓународен експерт за финансиски пазари, стратег за развој на берзи и автор, зборуваше на тема „Мал пазар, голема можност: Како малите пазари можат да го поттикнат економскиот раст“, отворајќи го прашањето за улогата на малите пазари на капитал во поддршката на економскиот развој. Посебно внимание беше посветено и на искуството на една од водечките македонски компании. Во разговорот „Искуства на македонска blue-chip компанија“, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, заедно со Иван Штериев, дискутираа за искуствата на компанијата и односот со пазарот на капитал. Во тематскиот блок „Регионалните трендови и ние“ беа разгледани повеќе аспекти од развојот на регионалните пазари. Fatih Sahbaz, главен извршен директор на Халк Банка Скопје, говореше за предизвиците пред банките во услови на глобални промени, додека Mihael Blazekovic, главен аналитичар во Bloomberg Adria, даде компаративен поглед на регионалните пазари на капитал. Marko Bombac, главен извршен директор на Љубљанската берза, се осврна на посебните индивидуални инв