Филипче: Жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, заедно со претседателката на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, и претставници од општинската организација, оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“, односно во зградата на поранешниот участок, во Прилеп. „Жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност, а нивната храброст и непокор се траен потсетник дека слободата, правдата и достоинството се вредности за кои борбата продолжува“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук. Според Филипче, СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба. Тоа наследство, како што наведе тој, претставува аманет и обврска да се чува државата, да се развива и да се создава подобра иднина за генерациите што доаѓаат. „Нашите предци, борците од НОБ, се изборија да имаме своја држава, наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија да биде слободна, праведна, демократска и европска држава во која младите ќе ја градат својата иднина“, порача Филипче. По повод истиот празник, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ, како и претставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Од СДСМ порачаа дека темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да се живее во слободна, модерна и демократска држава. Партијата, како што беше наведено, како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен жив