Филипче: Вучиќ подготвува изборна кражба во Србија, по Орбан редот е негов

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон српскиот политичар Александар Вучиќ во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори во Србија, обвинувајќи го дека подготвува изборни нерегуларности со цел да ја задржи власта. Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче изрази поддршка за студентското движење и порача дека граѓаните на Србија имаат можност да го променат политичкиот систем. „Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаја да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите“, напиша Филипче. Тој тврди дека постојат сериозни нерегуларности со избирачките списоци, издадени лични карти на странски државјани, притисоци врз вработените во јавниот сектор, како и организирано и платено гласање. Филипче обвини и за целосна контрола врз медиумите. Според него, ваквите појави потсетуваат на политичките состојби во Македонија за време на владеењето на Никола Груевски. „На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време“, наведува претседателот на СДСМ. Во објавата Филипче прави и паралела со политичките случувања во Унгарија, порачувајќи дека по Виктор Орбан, следен е Вучиќ. „Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група“, напиша Филипче, алудирајќи на актуелната власт во Македонија. Тој порача дека како професор целосно застанува зад младите луѓе и нивната борба за промени, а на граѓаните на Србија им посака успех на изборите. „Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат“, порача Филипче. Предвремените парламентарни избори во Србија се закажани з

Филипче: Вучиќ подготвува изборна кражба во Србија, по Орбан редот е негов | FinPortal.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон српскиот политичар Александар Вучиќ во пресрет на утрешните предвремени парламентарни избори во Ср