Филипче: Со 5,5 милиони евра можеше да се реши целиот проблем со откупот на грозјето

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 оцени дека целиот проблем со откупот на грозјето во земјава можел да биде решен со 5,5 милиони евра, но Владата не презела мерки за да им помогне на лозарите. Според него, токму толкава сума била потрошена за настапот на Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни тешкотии при откупот на годинашниот род. Филипче во интервјуто ја постави директно прашањето зошто тие 5,5 милиони евра не биле наменети за земјоделците. „Зошто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем со откупот, сега на грозјето, ќе беше решен со 5,5 милиони евра. А сега скапува грозјето по насадите. Откупувачите не го откупуваат грозјето, и Владата нема мерка и никако не реагира“, рече претседателот на СДСМ. Според Филипче, состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата со ВМРО на власт. Тој во интервјуто ги посочи нискиот стандард, осиромашувањето на граѓаните и проблемите во повеќе сектори како составни делови на таа криза. „Финансиската и економска криза во која што се наоѓаме, прекумерното задолжување, како никогаш досега од независноста, скоро 12 милијарди евра, а Владата на ВМРО наследи 8 милијарди евра долг, нискиот стандард и осиромашувањето на граѓаните, проблемите и катастрофата што се случува во секој сектор, во земјоделството, во образованието и здравството, сметам дека е еден така критичен период да треба да посветиме многу внимание и да зборуваме многу внимателно, затоа што можно е државата целосно да тргне во правец во којшто не сме се движеле од ’91-ва година наваму“, изјави Филипче. Тој предупреди дека земјата се наоѓа во критичен период во кој е потребно внимателно однесување, бидејќи, како што рече, постои можност државата да тргне во насока во која не се движела од 1991 година. Изјавата на претседателот на СДСМ доаѓа во момент кога лозарите низ државата се соочуваат со неоткупен род, а грозјето останува по насадите. С

Филипче: Со 5,5 милиони евра можеше да се реши целиот проблем со откупот на грозјето | FinPortal.mk

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 оцени дека целиот проблем со откупот на грозјето во земјава можел д