Филипче: Разочаран сум од оние што седат на маса со Левица

FinPortal.mk · 29.9.2026 г.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази разочарување од малата група поранешни партиски функционери кои, како што рече, седат на иста маса со Левица, а истовремено зборуваат за реформи во партијата. Во одговор на новинарско прашање, Филипче порача дека ваквото однесување отвора сериозни прашања за добронамерноста на намерите на оние кои ја сочинуваат платформата. „Јас не сум скаран, но мора да кажам дека сум разочаран. Поради тоа што вратата им беше отворена и им е отворена, ако вистина има добра намера. Но се прашувам, имаат ли добра намера ако седат на маса со Левица? И така зборуваат внимавајте за некакви си реформи во СДСМ. Што ќе стои во тој предлог? Некои од политиките на Левица? Дали ние треба да прифатиме дека НАТО се убијци? Дали тоа ќе ни го предложат сега во партијата?“, рече Филипче. Според него, учеството на Левица во таа платформа отвора сериозни прашања за тоа какви политики и ставови содржи предлогот за реформи што го изнесоа од платформата. Филипче посочи дека е разочаран од таа мала група поранешни партиски функционери и дека со седнувањето со Левица на иста маса се поставува прашањето дали навистина имаат добронамерни намери. Во одговорот, Филипче потсети и дека дел од луѓето од платформата кои денес зборуваат за реформи не учествуваа во досегашните партиски активности на СДСМ. Како пример го наведе отсуството на пратеничката Петровска од партиските активности. „Зошто не се вклучија во досегашните партиските активности? Еве пратеничката Петровска, на ниту една партиска активност, изминатите месеци не е појавена. Ја нема извршено својата партиска должност. И сега ќе зборува за некои реформи“, рече Филипче. Тој додаде дека партијата има нов тим и дека приоритет е консолидацијата на СДСМ, без повторно да се наметнуваат политики кои претходно ѝ нанеле штета на партијата. „Првенците на таа платформа се луѓето кои што ѝ нанесуваа најголема штета на партијата. За малку ќе ја закопаа со лошите политики. Заклучно со 2024 година. Сега ние имаме нов тим

Филипче: Разочаран сум од оние што седат на маса со Левица | FinPortal.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази разочарување од малата група поранешни партиски функционери кои, како што рече, седат на иста маса со Левица, а ист