Филипче: Поранешни функционери на СДСМ дејствуваат со Левица за да ја ослабат партијата
FinPortal.mk · 28.9.2026 г.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција јавно обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат со цел да ја ослабат СДСМ, и тоа, како што тврди тој, по налог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, изјави Филипче пред новинарите, опишувајќи ја средбата на поранешните функционери со претставници на други политички субјекти. Според него, поранешни функционери на СДСМ седнале на иста маса со луѓе од партијата Левица, која, како што потсети тој, истакнувала пораки против НАТО и е проруска партија, а истовремено бара промени во СДСМ. „Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ директно се осврна на вчерашната средба на групата, нарекувајќи ги нејзините учесници „пучисти“. „Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, порача тој. Филипче го постави и прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога, како што оцени, рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката. „Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече претседателот на СДСМ. Како главна цел на овие активности, Филипче ја посочи намерата да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ. Меѓу темите што партијата ги наметнува, тој ги наведе плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите. Обвинувањата на Филипче доаѓаат во момент кога во јавноста се појавија иницијативи и барања за пр