Филипче: „Платформата за промени“ сака со пуч да ја преземе СДСМ

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, ја обвини таканаречената „Платформа за промени во СДСМ“ дека сака со пуч да ја преземе партијата. Изјавата Филипче ја даде на 25 септември, во пресрет на утрешната седница на оваа платформа, составена од поранешни функционери во партијата, пренесува Колегиум. Според Филипче, барањето за промени во партијата не е со чесна намера, туку станува збор за обид за преземање на СДСМ преку пуч. Тој смета дека оние што ја сочинуваат платформата се однесуваат како нова „ЗНАМ“. Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека платформата, која бара реформи во партијата и смена на раководството, е збир од луѓе кои биле на многу високи партиски функции и молчеле кога се формирал ЗНАМ на Максим Димитриевски. „Можеа да се кандидираат за раководство. Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Како мислат дека може така да влетаат и нешто да им припадне понатаму?“ изјави Филипче. Ваквата реакција следува откако на 24 септември дел од претставниците на платформата на брифинг со дел од медиумите изјавија дека Социјалдемократскиот сојуз може да биде опозициска сила која ќе го обедини опозициското расположение, но не на чело со Филипче. Без него, според нив, со силно опозициско обединување би можело да се дојде и до рушење на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа група што бара промени во СДСМ се Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, но и актуелната пратеничка Славјанка Петровска. Тие сметаат дека ако го сменат Филипче, понатаму ќе може да го срушат ВМРО-ДПМНЕ, додека актуелниот лидер на СДСМ повторно ги обвини за поврзаност со актуелната власт. За опозицискиот лидер Филипче спорно е присуството на актуелната пратеничка на СДСМ Петровска во групата со поранешните функционери. „Не може пратеник којшто е избран, Славјанка Петровска, на која СДСМ ѝ дал мандат, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди таму на

Филипче: „Платформата за промени“ сака со пуч да ја преземе СДСМ | FinPortal.mk

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, ја обвини таканаречената „Платформа за промени во СДСМ“ дека сака со пуч да ја преземе партијата. Изјавата Филипче