Филипче од Прилеп: Антифашистичките вредности се основата на современата македонска држава

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, порача дека антифашизмот е темелот на македонското општество и дека борбата за слободна и праведна Македонија останува обврска на сите генерации. Тој ова го изјави на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, кој се одржа под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Во своето обраќање пред присутните, Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики и на антифашистичките вредности на партизаните, кои пред 85 години ја започнаа борбата за слободата и за македонската државност. Според него, денес кога граѓаните се соочени со криминална власт која што нè пљачка и нè изолира, повторно постои историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот“, рече Филипче. Тој нагласи дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата, неправдата и политиките на власта кои го поткопуваат достоинството на граѓаните. Според него, таа улога и таа борба бараат храброст, истрајност и одговорност, а токму тие вредности, како што порача, ги имаат и решителноста да ја водат таа борба. „Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителноста, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, истакна претседателот на СДСМ. Филипче посочи дека 11 Октомври не е сам

Филипче од Прилеп: Антифашистичките вредности се основата на современата македонска држава | FinPortal.mk

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, порача дека антифашизмот е темелот на македонското општество и дека борбата за сло