Филипче од Брвеница: Гласајте за Радески и за конкретни решенија, не за празни ветувања
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва на завршниот митинг во Брвеница ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радески, кој, како што порача, нуди конкретни проекти и решенија за жителите на општината. На митингот, Филипче оцени дека Брвеница заслужува промени по, како што рече, неуспешното владеење на ВМРО, кое ги изневерило очекувањата на граѓаните. Филипче потсети дека кампањата за оваа општина започнала токму од Брвеница пред неколку недели, со средби со луѓето, слушање на нивните проблеми и презентирање на проектите, програмата и решенијата. Тој ги повика граѓаните со уште поголема сила, мотив и енергија да излезат на гласање во недела и да ја искажат својата волја преку гласачкото ливче. Според Филипче, граѓаните најдобро знаат кому треба да му ја дадат довербата, посочувајќи дека Јовица Радески е човек кој ги познава проблемите на жителите и има програма со конкретни решенија за нив. Тој нагласи дека се гласа за добар, вреден и чесен човек, кој секој ден е меѓу луѓето, во секое село и во секој дом, и кој има решенија за проблемите преточени во неговата програма. Претседателот на СДСМ ги повика граѓаните да изберат конкретни проекти што ќе го подобрат секојдневниот живот во општината, наместо празните ветувања со кои, како што оцени, ВМРО ги разочара граѓаните. Меѓу проектите што ги наведе се обновена и проширена водоводна мрежа, пречистителна станица за отпадните води, обнова на системот за наводнување на обработливото земјиште, реконструирани улици и локални патишта, проширени мостови и агроиндустриска зона за преработка. Филипче говореше и за подобри услови во училиштата, расчистени диви депонии, уредено управување со отпадот, како и простори за одмор и рекреација. Според него, изборот во недела е меѓу продолжување на досегашното неуспешно владеење на ВМРО и можноста граѓаните да ја вратат општината во свои раце. Тој порача дека се гласа за промени во Брвеница, за да се врат