Филипче: Обидот за преземање на СДСМ е „пуч од кафана и хотел“, нема да го дозволам

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остро реагираше на обидите за преземање на партијата, оценувајќи ги како нечесни и неискрени. Тој изјави дека се видел поединечно со луѓето кои стојат зад овие намери и дека смета оти станува збор за нова платформа којашто всушност претставува нов ЗНАМ. Според него, тоа се луѓе коишто биле на многу високи партиски функции и коишто молчеле кога се формираше првиот ЗНАМ, а сега сакаат со пуч да ја преземат партијата. „Партијата има демократски институции. Можеа да се кандидираат за раководство. Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Како мислат дека може така да влетаат и нешто да им припадне понатаму?“ рече Филипче. Тој јасно и гласно порача дека нема да дозволи таков развој на настаните. Според него, она што го бараат овие луѓе не е вистинска реформа, туку обид за преземање на партијата преку нечесни средства. Филипче потсети дека СДСМ е единствената партија што на овој начин, силно, отворено, транспарентно и со податоци се бори со Христијан Мицкоски и со неговата, како што ја оцени, арамиска, антинационална и антимакедонска политика на изолација, корупција и уназадување на општеството, не само на државата. „Каква реформа бараат овие луѓе? Пак ќе кажам, јас сум спремен да се сретнам со кој било и да дебатирам на која било тема. Јас знам дека секоја дискусија тие ќе ја загубат, затоа што намерите не им се искрени и чесни“, порача претседателот на СДСМ. Филипче посебно се осврна на случајот со пратеничката Славјанка Петровска, на која, како што рече, СДСМ ѝ дал мандат. Тој оцени дека е нелогично пратеник којшто е избран, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди на дебати и да се расправа за партијата којашто ѝ дала доверба да биде пратеник. „Тоа се нелогичности и оттука произлегува нивната нечесна намера. Тоа е нов ЗНАМ. Втора варијанта, затоа што овој сега пропадна. Но, јас тоа нема да го дозволам“, рече Фил

Филипче: Обидот за преземање на СДСМ е „пуч од кафана и хотел“, нема да го дозволам | FinPortal.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска остро реагираше на обидите за преземање на партијата, оценувајќи ги како нечесни и неискрени. Тој изјави дека се в