Филипче: Не може боледувањето да биде домашен притвор, додека пациентите чекаат лекови и лекување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Скопје остро ја критикуваше најавата на власта за нови контроли и скратување на времетраењето на боледувањата, оценувајќи дека ваквите мерки не ги решаваат суштинските проблеми во здравствениот систем. Според него, додека државата најавува проверки на граѓаните, пациентите продолжуваат да се соочуваат со недостиг на лекови, несоодветни услови за лекување и долги листи на чекање. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче ја коментираше најавата за проверки и ограничување на времетраењето на боледувањето, нагласувајќи дека неговата должина треба да се определува врз основа на медицински критериуми, а не врз основа на административни одлуки. „Не може боледувањето да ви е домашен притвор. Што ќе проверува полицијата? Дали сте ја земале терапијата?“, праша Филипче на прес-конференцијата. Тој посочи дека е потребно да се санкционираат злоупотребите на боледувањата, но истовремено оцени дека најавените измени не ги решаваат вистинските проблеми во здравството. Според него, фокусот на власта е погрешно поставен, бидејќи наместо да се занимава со контрола на граѓаните, треба да се справи со недостигот на лекови и со условите во здравствените установи. Филипче ја доведе во прашање и најавата боледувањето да биде ограничено на пет дена, прашувајќи врз основа на што е донесена таквата одлука. „Како тоа му текнало на него пет? Врз основа на што? Па уште полиција ќе праќа дома да проверува дали си дома или не си дома“, изјави претседателот на СДСМ. Според него, додека се најавуваат мерки за контрола на граѓаните, пациентите продолжуваат да се соочуваат со недостиг на лекови, несоодветни услови за лекување и долги листи на чекање, што, како што рече, се вистинските проблеми со кои треба да се занимава власта. Филипче зборуваше и за набавките на медицинска опрема, при што изнесе тврдење за влијание од највисоките кругови на власта. Тој рече дека советник на премиерот ги посетувал клиниките и им кажувал на директ