Филипче: Мицкоски задолжи 4 милијарди евра за две години — должничко ропство за идните генерации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на завршниот митинг во Брвеница оцени дека владата на премиерот Христијан Мицкоски за само две години направила нов долг од 4 милијарди евра, што, според него, претставува должничко ропство за идните генерации. Филипче нагласи дека последиците од ваквото задолжување ќе ги чувствуваат генерациите што доаѓаат, додека граѓаните во моментов не гледаат подобар животен стандард. Според лидерот на опозицијата, половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денес е создаден во овој период, а вкупниот долг се искачил на 12 милијарди евра. „Мицкоски направи 4 милијарди евра нов долг за две години, тоа е должничко ропство за идните генерации“, рече Филипче, предупредувајќи дека товарот од овие задолжувања ќе остане на товар на следните генерации. Филипче посочи дека покрај новиот долг, сериозен проблем претставуваат и продлабочениот дефицит во централниот буџет и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. „Дупката во буџетот е огромна, недостасуваат 900 милиони евра. Дупката во Фондот за пензиско осигурување, уште поголема, 1 милијарда евра недостасуваат. За само две години, Мицкоски и неговата влада ја задолжија државата со нови 4 милијарди евра долг. Половина од вкупниот долг на нашата земја од независноста до сега. 12 милијарди евра – должничко ропство за следните генерации“, рече Филипче. Тој нагласи дека од ваквите милионски задолжувања граѓаните не добиле ниту подобар животен стандард ниту повисоки плати, иако тоа го ветувал Мицкоски пред изборите. Наместо подобар живот, според Филипче, луѓето сè потешко живеат и ги покриваат основните трошоци, а земјоделците се оставени без сигурен откуп и соочени со сериозна економска криза. „Мицкоски и неговата банда не исполнија ама ниту едно нивно ветување. Сè што ветија, се излажаа. Ветуваа подобар животен стандард, ветуваа повисоки плати, ветуваа сигурен откуп за земјоделците. А луѓето денеска живеат многу потешко и полошо, едноставно едвај врзуваат крај со крај“, рече претсе