Филипче: Мицкоски е обичен лажго кој се држи за власта, буџетот го води како барон Минхаузен
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „обичен лажго којшто сака да остане на власт“. Филипче оцени дека Мицкоски ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси, и тврди дека тоа го потврдила и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече Филипче на прес-конференцијата. Лидерот на СДСМ го спореди однесувањето на премиерот со барон Минхаузен, оспорувајќи го образложението дека намалувањето на даноците на горивата е причина за ребалансот на буџетот. Според него, најавата за ребаланс повторно доаѓа во „манирот на барон Минхаузен“, со тврдење дека поради намалената акциза и ДДВ на горивата треба да се прави ребаланс. „Гледаме дека се најавува ребаланс. Повторно премиерот, во негов манир, во манирите на барон Минхаузен, кажува дека поради тоа што се намалила акцизата и ДДВ-то на горивата, треба да се прави ребаланс на буџетот. Ако недостатокот е околу 130 милиони евра, треба да се знаат вистината и фактите во однос на ДДВ-то и акцизата кај горивата“, рече Филипче. Тој додаде дека причините за недостигот на средства треба да се бараат во планирањето на буџетот и во управувањето со економијата, а не во намалените давачки на горивата. Според него, станува збор за уште една лага на Мицкоски, бидејќи вистината е дека буџетот не е добро испланиран, нема добра наплата и нема искористеност на капиталните инвестиции. „Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран буџетот. Нема добра наплата, нема искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше буџетот и сега што останува? Нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата“, истакна Филипче. Претседате