Филипче и СДСМ со остри зборови против Црвенковски: „мумија“ и „балсамиран лик“ во партиско соопштение

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен и жесток напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски, соопшти партијата во официјален текст објавен на 29 октомври. Во партиското соопштение, по обвинувањата на негова адреса, следуваат квалификациите „мумии“ и „балсамирани ликови“, што претставува директен и необично остар јазик кон човекот што ја предводеше партијата од нејзиното основање во 1991 година, а потоа беше и премиер и претседател на државата. Според текстот на соопштението, раководството на партијата се пресметува со критичарите, а за Црвенковски се вели дека „на крај сега од ормарот го вадат“. Веднаш потоа партијата го обвинува поранешниот лидер дека со години работи бизнис со ВМРО и дека помагал во создавањето на ЗНАМ. „Човек што со години работи бизнис со ВМРО, човек што помагаше во правењето на ЗНАМ прва верзија. Мицкоски финансираше“, се вели во делот од соопштението посветен на Црвенковски. Во продолжението на соопштението, партијата го поврзува нападот со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за „вадење коски од минатото“. „На тоа ли мисли Мицкоски кога вели дека ‘вади коски од минатото’? Доста веќе со коските од ормарот, со тие мумии и балсамирани ликови што направија сè за да ја згаснат СДСМ“, продолжува партиското соопштение. Нападот е дел од соопштението насловено „Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“. Со него раководството ги претставува барањата за промени во СДСМ како операција во интерес на Мицкоски. Во истиот документ се опфатени и Платформата, Петре Шилегов, Максим Димитриевски, ЗНАМ, Левица, аналитичари и медиуми, кои партијата ги поврзува со деловни интереси, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со странски служби, третирајќи ги критиките кон актуелното раководство како дел од заеднички напад. Според соопштението, барањата за реформи во партијата се сведуваат на желба за функции и промена на партиското обележје. За Платформата Бихаќка, пак, се тврди дека подготвува нова парти

Филипче и СДСМ со остри зборови против Црвенковски: „мумија“ и „балсамиран лик“ во партиско соопштение | FinPortal.mk

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен и жесток напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски, соопшти партијата во официјален текст објавен на 2