Филипче бара минималната плата да достигне 600 евра и субвенции за придонесите на компаниите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес при посета на Струга порача дека минималната плата во земјава мора да се зголеми на 600 евра, бидејќи работниците и семејствата повеќе не можат да ги покријат основните животни трошоци. Тој апелираше до власта да го поддржи предлогот на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, оценувајќи го тоа како најмалку што може да се направи за луѓето, работниците и семејствата на кои минималната плата им е единствениот приход. „Апелирам власта да го поддржи предлогот на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра. Тоа е најмалку што може да направи за луѓето, работниците и семејствата на кои минималната плата им е единствениот приход. Поради огромните трошоци, тие едноставно не можат да врзат крај со крај“, рече Филипче. Лидерот на СДСМ нагласи дека зголемувањето на минималната плата треба да биде проследено со конкретна поддршка за домашните компании и приватниот сектор. Според него, потребно е да се поддржат компаниите и приватните бизниси, за да не претставува зголемувањето на платите дополнителен товар за нив. За таа цел, како што посочи, СДСМ предлага субвенционирање на придонесите за делот од зголемувањето. Филипче истакна дека граѓаните во Струга секојдневно се соочуваат со сериозни проблеми во животниот стандард и семејните финансии, а економската криза предизвикана од лошото управување на власта дополнително се продлабочува. Како илустрација за притисокот врз домаќинствата, тој наведе дека синдикалната кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари само за еден месец. „Синдикалната кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари само за еден месец. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече претседателот на СДСМ. Тој посочи дека економското тонење го потврдува и сериозниот пад на странските инвестиции

Филипче бара минималната плата да достигне 600 евра и субвенции за придонесите на компаниите | FinPortal.mk

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес при посета на Струга порача дека минималната плата во земјава мора да се зголеми на 600 евра, бидејќи работниците и