Филипче бара екстрадиција на Ива Михајлова и тврди дека има „договор под радар“ за нејзиното заминување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Македонската телевизија изјави дека неговата партија се сомнева на „договор под радар“ во врска со случајот со Ива Михајлова, за која рече дека нема објаснување како ја напуштила државата. Според Филипче, „нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може да помине така граница“. Филипче побара Бугарија да ја екстрадира Михајлова, оценувајќи дека тоа е „најмалку што Бугарија треба и може да направи“ во интерес на добрососедските односи. На прашањето дали СДСМ располага со конкретни докази, тој не наведе нови факти, но ја поврза темата со, како што рече, „лажниот сертификат“ на директорот на АНБ, Бојан Христовски, и со одговорноста на институциите. За можни понатамошни чекори, Филипче рече дека СДСМ ќе ги искористи „сите демократски можности“ што ѝ стојат на располагање, вклучително и евентуални нови интерпелации, зависно од однесувањето на министрите. Тој ги упати критиките во гостувањето во Централниот дневник на Македонската телевизија, каде што говореше и за изборниот законик, економските политики и евроинтеграциите. Во делот за односите со Софија и евроинтеграциите, Филипче повтори дека уставните измени не се став само на СДСМ, туку услов што го бара Европската Унија. „Не сме тоа ние во СДСМ или јас лично… на тоа инсистира Европската унија“, изјави тој. Според него, Владата дошла на власт со, како што оцени, „лажна кампања“ дека ќе ги подобри преговарачките услови, а сега се покажува дека „апсолутно ништо не може да се промени“. Говорејќи за изборниот законик, Филипче објасни дека СДСМ не учествува во работната група затоа што, според него, власта претходно го нарушила принципот на консензус со измените на законот за техничка влада. Дополнително, рече дека предложените решенија за гласањето на дијаспората „отвараат врата за изборен грабеж“, особено преку електронско или поштенско гласање и преку поинакво заокружување на гласачкото ливче. Додаде дека СДСМ би се вратила на маса ако ов