ФИФА обвинета дека го прикрила случајот со голманот Мпаси за да ја спаси ДР Конго од исклучување на Светското првенство
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ФИФА се соочува со сериозни обвинувања дека прикрила неправилности поврзани со правото на настап на голманот Лионел Мпаси, со цел да се избегне исклучување на Демократска Република Конго од овогодинешното Светско првенство. Случајот повторно го стави во центарот на вниманието претседателот на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, кој веќе беше под лупа поради контроверзиите околу американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Според извештаите на „Њујорк тајмс“ и „Ле Монд“, кои се повикуваат на внатрешни документи и преписка на ФИФА, правните експерти на организацијата за време на истрагата утврдиле дека документацијата за промена на спортското државјанство на голманот Лионел Мпаси не е комплетна. Мпаси претходно настапувал за младинските категории на француската репрезентација, што го отворило прашањето за неговата подобност да брани за африканската селекција. „Ле Монд“ пишува за „чувствителна тема што ФИФА ја прикрила од политички причини“. Според медиумските извештаи, ФИФА разгледувала неколку опции, кои се движеле од казни до исфрлање на ДР Конго од дополнителните квалификации, но на крајот не презела никакви мерки. Истрагата била поттикната од жалба од Нигериската фудбалска асоцијација, но ФИФА ја отфрлила од формални причини. ДР Конго влезе во дополнителните квалификации со победа против Нигерија, а своето место на Светското првенство го потврди против Јамајка. Мпаси бранеше на сите натпревари, сè до поразот од Англија во 1/16-финалето. Токму неговото учество на теренот е во срцето на обвинувањата дека ФИФА дозволила настап на играч чија документација не била целосна. Во целиот случај, „Њујорк тајмс“ ја истакнува можната врска помеѓу Инфантино и сегашниот претседател на конгоанската федерација, Верон Мосенго-Омба. Тој е опишан како близок соработник на првиот човек на ФИФА, а во времето на истрагата ја подготвувал својата кандидатура за прв човек на федерацијата. Тој беше избран откако репрезентацијата се квалификуваше за турнирот во САД, Мексико и Канада, ш