ФФМ со детални бројки: Најголемиот дел од билетите за Македонија – Шкотска се со попуст, најниската цена 325 денари
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со детално соопштение за цените и распределбата на билетите за натпреварот меѓу македонската репрезентација и Шкотска, со цел, како што велат од федерацијата, дополнително информирање на јавноста поради очигледната потреба од проверка на фактите пред паушално коментирање на цената на влезниците. Според податоците што ги споделува ФФМ, од вкупниот капацитет на Националната арена „Тодор Проески“ од околу 32.000 гледачи, дури 13.431 билет е со основна цена од 500 денари. Со 35 отсто попуст преку Магента, реалната цена за навивачот изнесува 325 денари. Дополнително, 3.000 влезници, согласно пропозициите на УЕФА, се наменети за гостинската репрезентација и нејзините навивачи по цена од 1.800 денари. Во оваа бројка не се вклучени тампон-зоните, што дополнително го намалува расположливиот капацитет за македонските навивачи. Од ФФМ појаснуваат дека целата западна трибина е отстапена за најмладите фудбалери од Детската лига, нивните тренери и родители, како и за навивачките групи кои побарале присуство на натпреварот. Како што наведуваат, тоа не е исклучок само за овој натпревар, туку принцип што федерацијата го применува во текот на целиот циклус. За целосна слика за достапноста и цените, од првата категорија се достапни 4.578 влезници, чија редовна цена од 1.800 денари со 35 отсто попуст изнесува 1.170 денари. Од втората категорија се достапни 5.133 влезници, чија цена со попуст изнесува 650 денари. ФФМ апелира до јавноста дека пред да се пласираат паушални бројки и квалификации за „скапи билети“, би било коректно најнапред да се проверат фактите. Од федерацијата забележуваат дека ако за некого 325 денари за да ја гледа македонската репрезентација во живо се „прескапи“, тоа е негов личен став, но никој нема право од сопствената перцепција да креира лажна слика за цената на билетите и со паушални тврдења да ги доведува во заблуда оние кои сакаат да дојдат на стадион. Во соопштението се нагласува дека академската титула, функ