Фајненшел тајмс“: Светот се соочува со бакарен шок од 2028 година, Македонија го има металот во Иловица, но не го искористува
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Светската економија се приближува кон она што анализата на „Фајненшел тајмс“ го нарекува „следниот голем ресурсен шок“ — глобален недостиг на бакар што ќе започне во 2028 година и ќе ги зафати најголемите индустрии во претстојниот период. Според анализата, одличната спроводливост на овој метал го прави бакарот централен елемент во речиси секој дел од приказната за нискојаглеродната енергија, од соларните панели до електричните автомобили. Како што се наведува, бакарот е од витално значење и за центрите за податоци со вештачка интелигенција и за сè посложените производи од воената индустрија, па владите се тркаат да го набават во што поголеми количини, во услови на нестабилен геополитички пејзаж. „Што имаат заедничко зелената транзиција, експлозијата на вештачката интелигенција, брзата инвестиција во војската и бумот во инфраструктурата во земјите во развој со висок раст? Сите тие се меѓу најважните мегатрендови во светската економија. И сите се загрозени од претстоен проблем: глобален недостиг на бакар. Побарувачката за бакар е од епски размери, а изгледите за понудата не се ни блиску до задоволување на потребите“, пишува во анализата. Во извештај објавен неодамна, истражувачите од „БлумбергНЕФ“ (BloombergNEF) ги изнеле размерите на проблемот со бакарот, предупредувајќи на „огромен долгорочен недостиг“ што ќе започне во 2028 година. Се предвидува дека понудата ќе биде помала од побарувачката за 8 отсто во 2035 година, а за 44 отсто во 2050 година. Ова истражување доаѓа по слични предупредувања за големи претстојни дефицити во понудата, кои доаѓаат и од други извори, вклучително и од Меѓународната агенција за енергетика. Анализата на „Фајненшел тајмс“ објаснува зошто недостигот е тешко навремено да се надомести: изградбата на еден дата центар може да трае шест месеци, но за откривање на ново наоѓалиште на бакар, добивање дозволи и изградба на нов рудник може да бидат потребни 15 години. Всушност, многу компании што експлоатираат бакар се мачат дури и да го одржат про