Европските банки пријавуваат пад на побарувачката за станбени кредити, Македонија засега расте, но од декември доаѓаат построги правила

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Додека станбеното кредитирање во Македонија сè уште бележи двоцифрен раст, од Европа доаѓа поинаков сигнал. Побарувачката за станбени кредити во еврозоната нагло се намалува под притисок на повисоките каматни стапки, послабата доверба на потрошувачите и неповолните очекувања за пазарот на недвижности. Но, во Македонија од 1 декември стапуваат во сила построги правила за кредитирање што можат да влијаат во истата насока. Прашањето сега е дали и колку брзо европското заладување кај станбените кредити може да се почувствува и на македонскиот пазар. Најновото истражување Bank Lending Survey на Европската централна банка за третиот квартал од 2026 година покажува силно намалување на побарувачката за кредити за купување недвижности. Дури 27 насто од банките пријавиле пад на побарувачката, наспроти 15 насто во претходниот квартал. Падот е значително поголем и од очекувањата на самите банки, кои претходно предвиделе нето-намалување од 12 насто. Овие податоци значат дека значително поголем број банки пријавуваат намалување отколку зголемување на побарувачката за нови станбени кредити. Тоа е раниот сигнал, се наведува во анализата. Пред да почне да стагнира кредитното портфолио, најчесто прво се намалуваат интересот, апликациите и новоодобрените кредити. Вистинскиот проблем на пазарот на станови, според анализата, е подлабок од самиот раст на кредитите. Во Македонија сликата сè уште е различна. Според податоците, станбените кредити во септември годинава пораснале за 1,5 насто на месечно и за дури 16,1 насто на годишно ниво. Токму овој брз раст е една од причините поради кои Народната банка воведе построги ограничувања. Од 1 декември максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите се намалува од 50 насто на 45 насто кај денарските кредити и од 45 насто на 40 насто кај кредитите со валутна компонента. Практично, за лице со месечни примања од 60.000 денари, општиот максимален простор за месечни обврски кај денарските кредити се намалува од 30.000 на 27.000

Европските банки пријавуваат пад на побарувачката за станбени кредити, Македонија засега расте, но од декември доаѓаат построги правила | FinPortal.mk

Додека станбеното кредитирање во Македонија сè уште бележи двоцифрен раст, од Европа доаѓа поинаков сигнал. Побарувачката за станбени кредити во еврозоната нагл