Европската Унија и германската развојна банка KfW финансираат обнова на девет студентски домови со над 85 милиони евра

FinPortal.mk · 11.9.2026 г.

Реконструкцијата на студентските домови во Северна Македонија добива сериозна финансиска поддршка од Европската Унија и германската развојна соработка, откако вкупната финансиска рамка за проектот во моментов изнесува околу 85,56 милиони евра, со очекување конечната инвестиција да надмине 100 милиони евра. Проектот предвидува реконструкција на девет студентски домови, подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на безбедноста и комфорот, како и примена на современи стандарди за објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија. На настанот посветен на реализацијата на програмата беше истакнато дека инвестицијата не треба да се гледа само како градежен проект, туку како дел од долгорочниот процес на зелена транзиција и усогласување со европските стандарди. Според пораката што беше испратена од настанот, Европската Унија не инвестира само во згради, туку во европската иднина на земјата. Стефано Елеро, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, посочи дека реконструкцијата е дел од пошироката Зелена агенда за Западен Балкан, која се темели на пет столба – декарбонизација, отпорност на климатските промени, циркуларна економија, дигитализација и заштита на воздухот, водата и почвата, заедно со одржлив прехранбен систем. „На почетокот на седумгодишниот период, за Западен Балкан ги идентификувавме четирите приоритети кои на различни начини придонесуваат кон петте стратешки столба. Тоа се животната средина, чистата енергија, одржливиот транспорт и развојот на приватниот сектор“, рече Елеро. Тој објасни дека Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) комбинира грантови со заеми, бидејќи големите инфраструктурни проекти не можат да се реализираат исклучиво со грант средства. „Не станува збор само за тоа нешто да се изгради или обнови. Станува збор за реализација на инвестиции според прецизни критериуми и стандарди кои се целосно усогласени со стандардите на Европската Унија. Тоа воедно е и начин п

Европската Унија и германската развојна банка KfW финансираат обнова на девет студентски домови со над 85 милиони евра | FinPortal.mk

Реконструкцијата на студентските домови во Северна Македонија добива сериозна финансиска поддршка од Европската Унија и германската развојна соработка, откако в