Европската комисија основа корпорација за критични суровини, Иловица останува клучна за бакарот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави создавање нова Европска корпорација за критични суровини, која ќе биде задолжена за набавка и складирање на неопходните руди за потребите на Унијата. Најавата пристигна при нејзиното годишно обраќање пред Европарламентот, каде таа истакна дека Европа мора итно да изгради сопствени резерви за да ја намали зависноста од надворешни извори. Фон дер Лајен пред европратениците порача дека Унијата сè уште е опасно зависна од Кина, особено кога станува збор за критичните суровини. Според неа, за многу критични суровини повеќе од 80 отсто од снабдувањето зависи од Кина, а кај некои ретки земјени метали таа зависност достигнува дури 90 отсто. Таа нагласи дека Европа направила многу досега, но не е единствената што се обидува да ја диверзифицира понудата, поради што е потребен поинаков пристап. Новата корпорација, како што објасни претседателката на Европската комисија, ќе помогне во набавката и складирањето на потребните материјали за електричните возила, за чиповите и батериите, за чистите технологии и за одбраната, како и за многу други намени. Од ова, според неа, не зависи само европската индустрија, туку и независноста и безбедноста на Унијата. Таа додаде дека ниту една земја не може сама да го стори тоа, поради што е неопходно заедничко размислување и дејствување. Претходно, дел од европските аналитички центри повикаа и земјите кандидатки од Западен Балкан да бидат поканети да учествуваат активно во политиките за критичните минерали на Европската Унија. Засега официјална покана нема, но и онака Македонија не може да се пофали дека експлоатира големи количини на критични минерали, иако ги поседува. Во моментов во Македонија се истражуваат резервите на антимон, но најголема извесност за ископ на критични суровини има во потврденото наоѓалиште на бакар во Иловица. Токму бакарот во Иловица се издвојува како најзначаен потенцијален ресурс со кој земјата располага во контекст на европските напори за обезбедув

Европската комисија основа корпорација за критични суровини, Иловица останува клучна за бакарот | FinPortal.mk

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави создавање нова Европска корпорација за критични суровини, која ќе биде задолжена за набавка