Европската интеграција во фокус на панел-дискусија за стратешката поврзаност меѓу ЕУ и Северна Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и фондацијата Конрад Аденауер денеска организираат панел-дискусија на тема „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“. Настанот е замислен како можност за размена на ставови за улогата на стратешката поврзаност меѓу Европската Унија и Северна Македонија во унапредувањето на стабилноста, отпорноста и развојот на државата и на регионот. Според најавите на организаторите, со поздравни обраќања настанот ќе го отворат Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер, и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Централниот дел од панелот е посветен на дискусија што ќе обедини високи претставници од Владата, дипломатскиот кор и академската заедница. Организаторите најавуваат дека свои обраќања на панелот ќе имаат Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт, германската амбасадорка Петра Дрекслер, евроамбасадорот Михалис Рокас, Флориан К. Фајерабенд, заменик-раководител на одделот Европа/Северна Америка при фондацијата Конрад Аденауер, како и проф. д-р Иван Дамјановски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Како што велат организаторите, во време на значајни геополитички предизвици и трансформации на европската безбедносна архитектура, дискусијата ќе понуди можност за размена на ставови за улогата на стратешката поврзаност меѓу Европската Унија и Северна Македонија. Притоа, посебно внимание ќе биде посветено на политичките, економските и инфраструктурните аспекти на европската интеграција, како и на нивното значење во контекст на актуелните меѓународни случувања. Настанот се одржува во период кога европската безбедносна архитектура минува низ трансформации, а организаторите сметаат дека токму ваквите дискусии овозможуваат размена на ставови за стабилноста, отпорноста и развојот на државата и регионот. Панелот ги обединува владиниот, дипломатскиот и академскиот се