Европа влегува во зимата со загрижувачки ниски залихи на гас — цената достигна 76 евра за мегават-час
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Европскиот енергетски пазар влегува во зимскиот период под силен притисок од високите цени и релативно ниските залихи на гас, што го прави гасот најкритичниот енергент пред претстојната зима. Цената на гасот во моментов се движи околу 76 евра за мегават-час, што одговара на приближно 780 евра за илјада кубни метри. Иако оваа цена не ги достигнува рекордните нивоа од 2022 година, таа сепак е два до три пати повисока отколку пред почетокот на енергетската криза, што значително го оптоварува и стопанството и домаќинствата низ континентот. Особено загрижувачка е состојбата во европските складишта за гас. Нивната пополнетост изнесува меѓу 72 и 73 отсто, што е значително пониско од вообичаените нивоа за овој период од годината, кога пополнетоста вообичаено се приближуваше до 90 отсто. Во Германија, залихите се уште пониски и изнесуваат нешто над 50 отсто, што дополнително ја зголемува несигурноста околу сигурноста на снабдувањето во најголемата европска економија. Експертите предупредуваат дека комбинацијата од лоша хидрологија, студена и сува зима и слаби залихи со гас може да доведе до големи проблеми во снабдувањето на клиентите во Западна Европа. Според нивните оценки, токму гасот е најкритичниот фактор, но проблемот не застанува само таму, бидејќи високите цени на гасот директно се пренесуваат и врз цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија исто така расте, а на европските берзи во последните денови таа се движи претежно помеѓу 180 и 220 евра за мегават-час. Експертите објаснуваат дека гасните електрани, поради високата цена на горивото што го користат, значително влијаат врз формирањето на цените на електричната енергија, поради што електричната енергија оди заедно со високите цени на гасот. Од друга страна, цената на нафтата во моментов е околу 100 долари за барел. Договорот на земјите од Г7 за ставање дополнителни резерви на нафта и деривати на пазарот би можел делумно да го ублажи притисокот врз пазарите. Сепак, експертите се внимателни во