Европа влегува во зимата со најниски резерви на гас од 2011 година, Германија најзагрижувачка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Европа ја започнува грејната сезона со најниски резерви на природен гас откако воопшто се води систематско следење на состојбата, односно од 2011 година. Според податоците на Gas Infrastructure Europe (GIE), европските подземни складишта на 2 ноември биле пополнети со 74,56 отсто од капацитетот, што значи дека во нив се чувале приближно 844 терават-часови природен гас. Тоа е значително под вообичаеното ниво за овој период од годината и претставува сериозно намалување на заштитната резерва со која Европа влегува во најстудените месеци. Споредбата со претходните години ја прави состојбата уште појасна. Во истиот период минатата година резервите биле над 82 отсто, додека просекот за почетокот на ноември во претходните години изнесувал околу 90 отсто од капацитетот. Тоа значи дека овогодинешната пополнетост е за речиси осум процентни поени пониска од лани и за околу 15 процентни поени под повеќегодишниот просек. Европа, како што се наведува, ја започнува грејната сезона со значително помала заштитна резерва, во услови на неизвесност на светскиот енергетски пазар. Особено загрижувачка е состојбата во Германија, каде што пополнетоста на складиштата е околу 61 отсто од капацитетот. Како што се наведува, неколку од најголемите европски економии веќе почнаа да ги трошат резервите, што дополнително ја намалува расположливата количина гас пред да започнат вистинските студови. Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска предупреди дека европските држави веќе почнале со интензивно повлекување природен гас од подземните складишта. Според соопштението што го пренесе руската агенција РИА Новости, на 28 и 29 октомври, како и на 1 и 2 ноември, количините повлечен гас достигнале рекордни вредности за тие календарски датуми откако се води статистика. Од компанијата оценуваат дека брзото празнење на складиштата уште на почетокот на сезоната може да го намали максималниот дневен капацитет за испорака на гас во најстудените зимски месеци. Според предупредувањето на „Гаспром“, со намалувањ

Европа влегува во зимата со најниски резерви на гас од 2011 година, Германија најзагрижувачка | FinPortal.mk

Европа ја започнува грејната сезона со најниски резерви на природен гас откако воопшто се води систематско следење на состојбата, односно од 2011 година. Според