Европа сè повеќе личи на лабораторија во која се тестираат нонпејпери наместо да се носи вистинска одлука
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Европската Унија во последно време најдобро функционира кога треба да се пишуваат нонпејпери. Штом ќе се појави некаков проблем, веднаш се пушта некој неофицијален документ, се тестира расположението, се опипува пулсот, се пуштаат пробни балони и се чека кој ќе реагира, кој ќе поддржи, а кој ќе се побуни. Така е постојано, од еден нонпејпер до друг, од една иницијатива до друга, поради што денешна Европа сè повеќе личи на експериментална лабораторија во која постојано се испробуваат нови рецепти, само никако да се најде вистинскиот. А рецептот одамна постои, но нема кој да го прочита за да ја потсети Унијата на идејата врз која своевремено беше создадена — како заедница на рамноправни држави и народи, обединети околу заеднички интереси. Оваа сегашна Европа е со фалинка во рецептот, без убав мирис и вкус, обичен бучкуруш од кој никој не сака да срка, се оценува во анализата. Гледајќи го она што се случува низ повеќето европски градови, станува очигледно дека забревтаниот европски воз јури во погрешна насока. Затоа дел од земјите членки сакаат повторно да ги преземат командите, пред „ЕУ-композицијата“ да ги однесе во непосакувана насока, заедно со патниците во него. Кога сето ова вака сликовито ќе се опише, можеби и ќе стане појасно зошто со овој нонпејпер сè погласно се бара враќање на одлучувањето во националните престолнини, наместо слепо прифаќање политики скроени во Брисел, чии последици на крајот ги плаќаат обичните луѓе. Во анализата се поставува и прашањето за здравата логика: ако националните влади треба само да ги спроведуваат одлуките што некој друг ги носи, зошто воопшто да се одржуваат избори и да се трошат пари во секоја земја. Зошто граѓаните гласаат за различни политички програми, слушаат разни ветувања и визии, ако на крајот, без оглед кој ќе победи, политиката ќе ја диктира некој што тие ниту го избрале ниту можат директно да го сменат. Како фер решение се наведува тоа ЕУ отворено да им каже на земјите кандидати дека прави федерација, дека одлуките ќ