Европа на барикадите: младите излегуваат на улиците, довербата во владите исчезнува

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Европа повторно се соочува со сликата што нејзините политички елити најмалку сакаат да ја видат. Преполни улици, демонстранти, полициски кордони, барикади, запалени огради и судири со безбедносните сили — сцени што во последните денови се повторуваат низ неколку европски земји. Но зад овие сцени, како што се нагласува, не стои само младински бунт, ниту, пак, изолиран бран на урбано насилство. Се насобира многу подлабоко незадоволство од начинот на кој се управува со Европа и од приоритетите на нејзините политички елити. Настаните од последните денови во Франција, Германија и во Холандија, но и протестните движења во Италија, Белгија, Шпанија, Грција, па и Албанија, покажуваат дека европското општество влегува во период на сериозно преиспитување на досегашниот политички и економски модел. Граѓаните бараат одговори, ставови и акција, а не политички флоскули. Најновиот бран на демонстрации, предводен од младите, е особено значаен поради пораките што ги испраќа. Во Франција, според податоците на Министерството за внатрешни работи, на 31 октомври на улиците излегле околу 320.000 демонстранти. Протестите се одржуваа трет викенд по ред, со барања за подобро образование, социјална сигурност и пониски трошоци за живот. Но кога незадоволството ќе се прошири во толкави размери, веќе не станува збор само за студентски протести — станува збор за политички аларм. Граѓаните прашуваат каква иднина им нуди Европа. Младите велат дека оваа Европа им нуди „образование“ во запуштени училишта, несигурни работни места, недостапни станови, растечки цени и живот во кој сè потешко се обезбедува елементарна економска независност. Особено е индикативна ситуацијата во Германија. Земјата што со децении важеше за економски мотор на Европа денес се соочува со сериозни прашања за сопствената економска и социјална иднина. Иницијативата „Генерацијата зед ја презема контролата“ (Gen Z regelt) ги мобилизираше младите во повеќе од 30 германски града. Во Берлин, Минхен и Франкфурт илјадници демонстранти

Европа на барикадите: младите излегуваат на улиците, довербата во владите исчезнува | FinPortal.mk

Европа повторно се соочува со сликата што нејзините политички елити најмалку сакаат да ја видат. Преполни улици, демонстранти, полициски кордони, барикади, запа