ЕСМ: Платите ќе бидат исплатени во законскиот рок, осуда за обидите за внесување немир кај вработените
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Платата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок, соопштија од компанијата, отфрлајќи ги тврдењата дека има доцнење во исплатата на октомврискиот личен доход. Од ЕСМ објаснуваат дека тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметнало потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 6 ноември, со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Од компанијата нагласуваат дека работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. „Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор, односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените“, се вели во соопштението на ЕСМ. Оттаму додаваат дека во контекст на платите и надоместоците за вработените е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100 отсто вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници, се наведува во соопштението. Претходно, од СДСМ обвинија дека доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и ЕСМ. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи, соопштија од СДСМ. Соопштението на ЕСМ доаѓа како одговор на ови