Епископот Стобиски Јаков: Повлекувањето на предметот е чин што отвора простор за доверба, но антицрковниот наратив ја соголи идеолошката хистерија
FinPortal.mk · 11.9.2026 г.
По одлуката на Министерството за образование да го повлече предметот „Сеопфатно сексуално образование“, епископот Стобиски Јаков во авторски коментар се осврна на реакциите што следеа во јавноста, оценувајќи дека повлекувањето претставува чин што отвора простор за заемна доверба и демократски дијалог, но истовремено остро реагираше на, како што го нарече, сè поизразениот антицрковен наратив насочен кон Црквата, свештенството и религиозноста. Во коментарот насловен „Одговор на една идеолошка хистерија“, епископот потсетува дека по поголемите бранувања во јавноста и реакциите од родители, меѓу кои беше и неговото отворено писмо, власта го послушала народот. Тој тоа го оценува како чин за поздравување, затоа што, како што вели, отвора огромен простор за заемна доверба. Според него, тој процес во повеќето општества се нарекува демократија — темата се затвора и се оди напред. Сепак, Јаков смета дека токму овој чин ја соголил целата морална и интелектуална бедотија на македонскиот либерално-прогресивен естаблишмент. Тој ги опишува како оние кои со децении паразитираат врз грантови, продавајќи го сопствениот автодеструктивен комплекс на инфериорност како прогресивна вредност, и оценува дека тие паднале во дива, неконтролирана хистерија. Како примери за таквата хистерија, епископот ги наведува изјавите од типот дека Црквата ја води државата, дека попот управува со државата, дека науката е нападната од назадните попови и дека децата ќе учат од порнографски сајтови. Според него, соочени со аргументираниот отпор на Црквата и на народот — не против репродуктивното, т.н. сексуално образование, туку против идеологијата — дежурните квазиинтелектуалци не понудиле ниту еден единствен логичен аргумент. Наместо дебата, како што оценува Јаков, сведоци сме на оркестриран псевдонаучен плотун на патетични емоционални уцени и дотраен необолшевички антицрковен рефлекс. Тој смета дека е многу наивно да се мисли оти проблемот е само во еден наставен предмет, нагласувајќи дека родовата идеолог