Е-паричникот од четврток во употреба: личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Од четврток официјално почнува примената на електронскиот паричник, со што граѓаните ќе можат на својот мобилен телефон да ги носат својата лична карта и возачката дозвола. Официјалната промоција на апликацијата е закажана за среда, 28 октомври, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека станува збор за безбедна апликација која нуди можности за заштита на личните податоци. Според Андоновски, клучната предност на е-паричникот е тоа што корисниците нема да мора да ги откриваат сите свои податоци, како што тоа се прави сега кога се покажуваат пластичните лични карти или возачките дозволи. „На пример, кога сакате да се легитимирате во банка, бар или друг локал, нема да мора да ги покажувате сите податоци од личната карта. Ќе можете сами да изберете кои податоци сакате да ги споделите, на безбеден начин“, појасни министерот. Податоците ќе се споделуваат преку QR-код, кој се генерира за еднократна употреба. Кодот се скенира, а другото лице ги добива податоците само доколку корисникот го дозволи тоа. По 10 до 15 секунди, QR-кодот истекува и не може повторно да се употреби. „Многу внимание посветивме на безбедноста“, нагласи Андоновски. Министерот оцени дека ова е почеток на еден процес што треба да нè доведе до европскиот дигитален паричник, кој ќе значи целосна дигитализација на документите. „Ова е одличен почеток затоа што основните податоци од личната карта и возачката дозвола ќе им бидат достапни на граѓаните. Се надевам дека паралелно со развојот на мобилниот паричник, ќе додаваме и нови услуги, можности и документи за граѓаните“, изјави Андоновски пред почетокот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, што се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје. Со воведувањето на е-паричникот, граѓаните добиваат дигитален начин на легитимирање што, според најавите на министерот, треба да биде и посигурен и поедноставен од досегашниот, бидејќи секое споделување на податоци е ограничено на она