Ендрик отворено за иднината во Реал Мадрид: Не знам што ќе се случи во јануари, сакам само да играм

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој од 2024 година е член на Реал Мадрид, отворено проговори за својата тешка ситуација во клубот и за неизвесноста околу неговата иднина. Младиот фудбалер, кој во кралскиот клуб пристигна од Палмеирас како голем талент и потенцијал, оваа сезона ретко добива шанса да покаже што знае — одиграл само 141 минута во седум натпревари. Тоа го прави сè пореално сценариото од минатата зима, кога го напушти клубот и беше на позајмица во Олимпик Лион. Во Лион Ендрик играше редовно, си ја врати самодовербата и покажа дека може да биде значаен кога ќе добие вистинска шанса. Токму затоа интерес за неговите услуги дефинитивно има, а како опција за напаѓачот се споменуваат значајни клубови, иако сè уште треба да се дојде до прифатливи услови за каков било трансфер. Во изјава за својата моментална состојба, 20-годишниот Бразилец порача дека не сака да донесува избрзани одлуки. „Сè уште сум млад, имам само 20 години, не морам да полетам и да се фрлам од карпа. Да видиме што ќе се случи. Можам само да кажам дека сакам да играм, да бидам среќен, да им помагам на соиграчите, да постигнувам голови и да давам асистенции, како што правев во Лион. Тоа беше едно од најдобрите нешта што ми се случиле и еден од најсреќните периоди во мојот живот“, изјави Ендрик. Тој не крие дека иднината во клубот не зависи само од него. „Не знам што ќе се случи во јануари, сè е во Божји раце. Само барам да можам да го направам она што е најдобро за мојата кариера. Што и да се случи, ќе се случи“, истакна напаѓачот. Ендрик е свесен и со каква конкуренција се соочува во нападот на Реал Мадрид. „Сите знаете кого имаме во Реал Мадрид и кој е пред мене. Мбапе е одличен играч, тој беше втор во изборот за ,Златната топка'. Се обидувам да ги искористам можностите што ми се даваат и да дадам сè од себе“, порача Бразилецот. Инаку, Ендрик има договор со Реал Мадрид до 2030 година, што значи дека клубот сè уште смета на него на долг рок, но прашање е дали младиот напаѓач ќе добие доволно минут

Ендрик отворено за иднината во Реал Мадрид: Не знам што ќе се случи во јануари, сакам само да играм | FinPortal.mk

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој од 2024 година е член на Реал Мадрид, отворено проговори за својата тешка ситуација во клубот и за неизвесноста околу неговата и